Шпанскиот напаѓач Диего Коста кој има бразилско потекло е обвинет и се наоѓа под истрага поради коцкање, перење пари и затајување на данок.
Бразилските медиуми пишуваат дека фудбалерот бил главен на банда која ја формирал. Се наведува дека истрагата започнала уште во март, но се водела во тајност. Медиумите објавија и дека бил извршен претрест во домовите на осомничените, а помеѓу нив бил и Коста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Коста во овој момент го носи дресот на Атлетико Минеиро во Бразил и неговиот клуб излезе со кратко соопштение во врска со целиот настан.
„Клубоот нема никакви допирни точки со истрагата, пред да го ангажираме не ни беше познато дека истата постои“.
Во редовите на Атлетико Минеиро Коста пристигна во август и потпиша договор до крајот на сезоната.