Дома Фудбал Диего Коста: Гризман ме повика во Атлетико, сега не смее да си оди!

Диего Коста: Гризман ме повика во Атлетико, сега не смее да си оди!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста испрати јасна порака до неговиот соиграч Антоан Гризман.

Диего Коста изјави дека Гризман бил човекот кој го наговорил да се врати во Мадрид и сега од него очекува да остане во Атлетико.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Мислам ќе остане. Тој ми се јави и ми кажа да дојдам во Атлетико. Сега не може сам да ме остави. Знае оти е важен играч за Атлетико, се уште е со нас и се надевам така ќе остане. Ќе бидам пресреќен ако остане, ама секој човек треба да го направи она што семта дека е најдобро за него. Според мене најдобро ќе му биде да остане“, изјави Коста кој повторно доби повик од репрезентацијата.

Во последните денови се појавија шпекулации дека Пауло Дибала е трансфер мета на Атлетико Мадрид.

„Дибала е голем играч и Атлетико сака секогаш да се подобрува. Играчи како Дибала се добредојдени“, коментираше Диего Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо во проблеми: Реал доби лоши вести пред дербито со Ливерпул!

Еден од најголемите дерби натпревари во четвртото коло од Лигата на шампионите ќе се одигр…