Тимур Дибиров имаше интервју за „7метри“, тој зборуваше на неколку интересни теми, но порача дека сега е време тој да му помогне на Вардар.
Дибиров со сигурност е едно од најдобрите леви крила во историјата, а беше дел од Вардар и во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сон ми беше да ја освојам Лигата на шампионите. Таму се игра на највисоко ниво и знаев дека ќе биде тешко. Кога ми се оствари тој со не можев да си поверувам, но само јас знам колку дадов за да дојдам до врвот. Ситуацијата е тешка во клубот, меѓутоа Вардар ми помогна мојот сон да стане реалност и затоа сум благодарен. По годините поминати тука останав за да вратам и сега јас да помогнам на Вардар“, изјави Дибиров.