Дома Фудбал Италија Дибала станува втор најплатен играч во Серија А

Дибала станува втор најплатен играч во Серија А

Пауло Дибала и раководството на Јувентус се договорија за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Дибала долго време се поврзуваше со заминување од Торино, но остана и минатата сезона беше еден од најдобрите поединци.

Јувентус и Дибала, наводно постигнале договор со кој Аргентинецот би се обврзал на верност со „старата дама“ до 2025 година.

Аргентинецот моментално заработува 7 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добива 11 милиони евра годишно и ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А.

Се очекува во наредните денови двете страни и официјално да го потврдат новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нема шега: Челси го обезбеди својот најдобар стрелец до 2032!

Фудбалерот на Челси, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со овој клуб до 2032 година, со мо…