Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала изјави дека тој и неговите соиграчи научиле многу од натпреварот ПСЖ – Барса и дека не се плашат од Каталонците.
Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампиони ќе се сретне со Барса, а Дибала смета дека неговиот тим нема причина за страв.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме фантастични играчи. Ова е најдобриот момент да се сретнеме со Барселона. ПСЖ прими шест гола на Камп Ноу бидејќи имаа погрешен пристап, а нас тој меч ни беше добра лекција“, изјави Дибала.
„Барселона е силна кога е топката кај нив, имаат и голман кој би можел да биде играч за врска. Мораме високо да ја поставиме играта и да ја контролираме средината на теренот бидејќи Каталонците се послаби без топка. Доколку се повлечеме, ќе се умориме ние, а тие не“, заклучи Аргентинецот.
Еден од најдобрите фудбалери кај „бјанконерите“ се осврна и на новата улога која ја му ја додели тренерот Макс Алегри.
„Бара од мене понекогаш да се вратам блиску до Буфон и да ја започнам акцијата. Ми даде целосна слобода. Тоа сакав да го правам уште како мал и тоа најмногу ми одговара“, изјави Дибала.