Дома Фудбал Италија Дибала откри како ја добил идејата и што значи неговата прослава на погодоците

Дибала откри како ја добил идејата и што значи неговата прослава на погодоците

Познато е дека за голем број фудбалери во светот заштитен знак се нивните прослави на погодоците, па таков е и Паоло Дибала.

Ѕвездата на Јувентус, Аргентинецот Дибала освен по големиот фудбалски квалитет кој без сомневање го поседува стана препозналив и по неговата прослава на погодоците кога со раката прекрива половина лице.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


При претставувањето на своите нови копачки, Дибала откри што тоа му значи и од каде ја добил идејата.

„Идејата ја добив во 2016 година по завршувањето на натпреварот од Суперкупот против Милан. Промашив пенал и бев лут како рис. По завршувањето на сезоната на одморот го гледав филмот „Гладијатор“ и одлучив следниот гол да го прославам со маска на лицето, така се започна“, откри напаѓачот на „старата дама“.

Дибала оваа сезона на 14 настапи за Јувентус постигна шест погодоци и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд ја купи најскапата книга во историјата на Норвешка за која плати 115.000 евра!

Ерлинг Халанд, фудбалскиот ас на Манчестер Сити, стана сопственик на најскапата норвешка к…