Дома Фудбал Лига на шампиони Ди Франческо ја најавува Рома во финалето: Зошто сега да застанеме?

Ди Франческо ја најавува Рома во финалето: Зошто сега да застанеме?

Тренерот на Рома, Еусебио Ди Франческо најавува пласман на Рома во финалето на ЛШ.

‘Отпишаните’ играчи на Рома синоќа одиграа неверојатен натпревар, ја победија Барселона со 3:0 на Олимпико и се пласираа во полуфиналето, што за многу членови на римскиот клуб ова ќе биде прво такво возбудување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Нормално е дека сега трена да веруваме во финале. Зошто да не? Дојдовме толку далеку и никој од нас не очекуваше дека тоа ќе го направиме. Овој пат сакаме да го продолжиме.“ – изјави Ди Фраческо и додаде:

„Не сакам да тренирам екипа која нема амбиција. Мора повеќе да се стремиме и да сфатиме дека тоа ние го можеме, дека секогаш има простор за напредок и дека сме способни да бидеме најдобри.“

Ди Франческо со формацијата 3-4-1-2 ги шокираше сите, но на крајот се исплатеше и најголемите заслуги се препишуваат на него.

„Често ме критикувате за поразите, но еве сега имате прилика малку и да ме пофалите.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реакцијата на Новак за голот на Реал за победа. Шпанците го опишуваат како видео на годината

РЕАЛ МАДРИД остана во трката за титулата во шпанското првенство откако со голот на Федe Ва…