Дома Трансфер зона Ди Марцио: Јувентус и Арсенал се договорија, нов голман пристигнува во Торино!

Ди Марцио: Јувентус и Арсенал се договорија, нов голман пристигнува во Торино!

Како што пренесува секогаш добро упатениот Џанлука Ди Марцио, Јувентус е на чекор од доведување на нов голман.

Буфон на голот на „старата дама“ веројатно ќе биде уште некоја година, тој најави дека ќе брни на Светското првенство во Русија 2018 година. Сепак после Светското првенство во Јувентус ќе мораат да размислуваат за нов голман.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Нето е резеревниот чувар на мрежата, Бразилецот сосема солидно си ја одработуваше задачата во Купот на Италија, но и тој би можел да го напушти клубот бидејќи е евидентно дека има нешто повеќе квалитет од тоа да биде резерва во Јувентус.

Поради тоа управата на Јувентус веќе сега реши да ангажира нов чувар на мрежата, а изборот паднал на голманот на Арсенал, Војчех Шчесни.

Арсенал од овој трансфер ќе инкасира 16 милиони евра, додека 27 годишниот чувар на мрежата ќе потпише договор на четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…