Белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку и дефинитивно донел одлука – сака да се врати во Интер.




Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио пренесува дека Лукаку е на чекор од враќање во Интер со кој го освои Скудетото, а потоа за околу 100 милиони евра се пресели во Челзи. На „Стенфорд Бриџ“ напаѓачот не се прослави и постигна само 15 голови на 44 натпревари, додаде уште две асистенции.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Информациите на Ди Марцио се дека Интер ќе го доведе Лукаку на едногодишна позјмица. Првобитно „нероаѕурите“ понудиле пет милиони евра за позајмица, но на крајот се решиле да платат и 15 па како што стојат работите тој ќе го засили нивниот напад.




Кога во прашање Лукаку вп Интер играше во фантастична форма и на 95 натпревари постигна 64 гола и поели 16 асистенции.