Дома Фудбал Останато Ди Марија: Во ПСЖ до крајот на договорот, а потоа – дома!

Ди Марија: Во ПСЖ до крајот на договорот, а потоа – дома!

Анхел Ди Марија влезе во својата 32 година од животот, а тоа за поголем дел од фудбалерите значи дека пред нив е уште две-три години фудбал на највисоко ниво.

За Ди Марија доближувањето до крајот на кариерата значи и дека му се ближи враќање дома. Ди Марија има важечки договор со ПСЖ до јуни 2021 година и изгледа дека нема намера да го продолжи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред натпреварот со Лил Ди Марија на конференцијата за медиумите зборуваше и за својот договор.

„Засега нема разговори за продолжување на договорот. Имам важечки договор со ПСЖ уште година ипол, па поради тоа сум мирен. Како што неколку пати кажав претходно, сакам ПСЖ да биде мој последен клуб во Европа, а потоа да се вратам во Аргентина“, изјави Ди Марија.

Ди Марија во татковината играше за Росарио од 2005 до 2007 од каде што премина во Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед од каде што дојде во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…