Италијанската легенда Паоло Ди Канио и поранешен соиграч на Горан Пандев од Лацио после елиминацијата на „Аѕурите“ за медиумите истакна дека имал некое такво чувство дека мечот лошо ќе заврши по неговите сонародници.
Легендарниот фудбалер посебно ја пофали одбраната во македонскиот состав која против Италијанците беше на врвно ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мирно го гледав мечот, можеби и пресмирено од вообичаено за еден таков важен натпревар. Имав некое чувство дека ќе заврши со елиминација на Италија. Некако, многу брзо го сфатив тоа, бевме многу неровзни, бевме се спротивно од она што го зборуваше Роберто Манчини пред натпреварот. Македонија од друга страна одигра импресивна одбрана, тргнаа во напад, постигнаа гол преку Трајковски кој е квалитетен фудбалер, а беше оставен сам. Откако ги изгледав снимките бев лут и бесен, никако не смееше да биде оставен слободно да шутира“, изјави Ди Канио.
Македонија сега во вторник ја чека натпревар против Португалија од кој победникот ќе обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.