Дома Останати Тенис Дејвис Куп: Македонија ја победи Молдавија за промоција во Третата зона!

Дејвис Куп: Македонија ја победи Молдавија за промоција во Третата зона!

Тениската репрезентација на Македонија денес во одлучувачкиот натпревар во групата Б од Четвртата зона во Дејвис купот победи против лидерот во групата Молдавија.

Ние одлично започнавме и ги добивме двата натпревари во сингл, па нашите тенисери го предадоа мечот во двојки кој немаше резултатско значење.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Калин Ивановски со два пати со по 6:1 беше подобар од Андреи Горбан, за Горзад Србљак да биде поубедлив и со 6:1 и 6:0 да го добие Максим Казак.

Во двојки за Македонија настапија Обрад Марковски и Стефан Мицов. Тие го добија првиот сет, но потоа се предадоа и беа поразени од Казак и Горбан.

Така ние завршуваме како второпласирани со ист број на бодови како Молдавија, а тоа значи дека во следното издание на Дејвис Купот ќе се натпреваруваме во Третата зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…