Дома Фудбал Репрезентации Дешан со изненадувачки потег: За ѕвездата на Јунајтед нема место, но затоа свој кам бек има Паје

Дешан со изненадувачки потег: За ѕвездата на Јунајтед нема место, но затоа свој кам бек има Паје

Фудбалерот на Марсеј не беше во тимот на Франција во изминатите натпревари, но последните неколку недели беше забележан, па заработи повик во националниот тим.

Паје во репрезентацијата се враќа заедно со играчите на Тотенхем и Реал Мадрид, Сисоко и Варан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е повреден, а на списокот на Дешан повторно го нема Антони Марсијал и покрај добрата форма која го следи во последно време.

Без оглед што во изминатото коло одиграа разочарувачки 0:0 со Луксембург, Франција и натаму е прва селекција во групата А со 17 бодобви. Бод помалку има Шведска, Холандија има 13, Бугарија 12, а Луксембург и Белорусија по пет.

Франција ќе се квалификува на СП во Русија ако слави против Бугарија, а Шведска загуби од Луксембург на 7. октомври.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…