Франција на потежок начин и благодарение на ВАР техонологијата, ги запиша првите три бода на Мундијалот, славејќи над Австралија со резултат 2:1.
По завршувањето на мечот, селекторот на Триколорите, Дидие Дешамп истакна дека е задоволен со триумфот, но потенцираше дека Франција може многу повеќе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не беше лесно, но важно е што остваривме победа на стартот. Да бидам искрен денес ни беше тешко, со оглед на тоа дека Австралија играше одлично, со што ни создаде потешкотии. Ни недостасуваше брзина во одредени периоди, а забележавме и неколку лоши додавања, иако во финишот имавме уште неколку прилики. Во досегашниот дел од Миндијалот, освен Русија сите селекции се соочија со потешкотии. Остваривме триумф, но секако можеме многу многу подобро“, истакна Дешамп во својата анализа за првиот меч против Австралија.