Дома Фудбал Репрезентации Дешамп има еден услов за да остана селектор на Франција

Дешамп има еден услов за да остана селектор на Франција

Се уште не е јасно дали Дидие Дешамп ќе остане селектор на Франција, но има индиции дека неговата намера е да остане на кормилото на репрезентацијата.

По поразот од Аргентина во финалето на Светското првенство, Дешамп одби да ја коментира својата иднина. Неговиот договор со Француската фудбалска федерација истекува на крајот на годината, а претседателот Ноел Ле Грае сака да се обнови договорот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Според „Екип“, Дешамп ќе се согласи, но ќе инсистира да ја води селекцијата на Светското првенство во 2026 година, а не само на Евро 2024 година.

Во наредните денови се очекува средба меѓу стратегот и Ле Грае на која ќе се разговара за деталите од новиот договор. Францускиот претседател Емануел Макрон исто така го повика Дешамп да остане на кормилото на „триколорите“.

Под негово водство, тимот ги освои Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2021 година, а играше и во финалето на ЕП 2016 и Светското првенство 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…