Дома Топ вести Детали од драмата во Кадиз: Херојот што го спаси навивачот имал скршена нога

Детали од драмата во Кадиз: Херојот што го спаси навивачот имал скршена нога

Барселона синоќа славеше во Кадиз со 0-4, но натпреварот беше во прекин повеќе од половина час откако навивач за време на натпреварот доживеа срцев удар.

Во 81-та минута од натпреварот, судијата слушна свирежи и извици од трибините, па набрзо сфати дека нешто не е в ред и дека на еден од фановите итно му е потребна медицинска помош.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Натпреварот беше прекинат и двете медицински екипи истрчаа да му помогнат на навивачот кој колабирал. Подоцна дојдоа и членови на Итна помош и за среќа навивачот е во болница во добра состојба.

Еден од хероите беше голманот на домашната екипа Ледесма, кој истрча да земе преносен дефибрилатор и им го донесе на лекарите.

Исто така, еден од хероите е и член на медицинскиот тим на Кадиз кој прв реагирал и му пришол на повредениот навивач. Она што ги воодушеви сите е тоа што докторот истрча на трибината иако ногата му беше скршена, но успеа да му го спаси животот на човекот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден одличен потег на Мареска: Челси заработи 33 милиони евра

Фудбалскиот клуб Челси ова лето реализираше навистина неколку одлични излезни трансфери, а…