Дома Топ вести Детали од договорот на Меси! – Бројки од соништата, учество во трансфер политиката…

Детали од договорот на Меси! – Бројки од соништата, учество во трансфер политиката…

messi

Аргентинската ѕвезда од редовите на Барселона во текот на викендот потпиша нов договор со Барселона и доби двојно поголема плата, но и поголеми овластувања кога во прашање трансфер политиката.

„Mes que un club“ e клупското мото на Барселона и тоа значи „Повеќе од клуб“, итоа беше така се до појавата на Лео Меси… Аргентинецот сега всушност стана поголем од клубот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Доказ за тоа е новиот договор кој го потпиша и со кој најверојатно ќе се врзе со клубот до крајот на кариерата. Договорот на Меси истекуваше наредното лето и тој веќе од 1 јануари можеше да преговара со сите заинтересирани клубови, да потпише пред договор и наредното лето како слободен фудбалер да ја напушти Барселона. Но никој не веруваше дека такво нешто може да се случи…

Невозможно е да се замисли Меси на таков начин да ја напушти Барселона и невозможно е да се замисли Барселона тоа да му го дозволи, а да не направи се што е во нејзина моќ за да го задржи. Преговорите започнаа уште во текот на летото кога актуелна беше ситуацијата со Нејмар, претседателот Бартомеу тогаш изјави дека договорот е постигнат и дека се ќе биде официјализирано кога ќе дојде време за тоа.

Конечно, во саботата наутро одекна веста која секој навивач на Барселона нетрпеливо ја исчекуваше: Лео Меси го продолжи договорот со Барселона се до летото 2021 година. Доколку остане до крајот на договорот Меси тогаш ќе има 34 години и веројатно ќе биде блиску до крајот на својата кариера.

Со веста за потпишиувањето се појави и информацијата за откупната клазула која од 300.000 милиони евра порасна на 700.000 милиони евра!

Но, ниту клубот, нико локалните медиуми не се огласија кога во прашање беа финансиите.

Барселона секогаш се обидуваше да ја прикрире финасиската страна на договорот на Меси. Никогаш клубот, ниту некој близок јавно не зборуваа за висината на примањата на Меси.

Сепак шпанските медиуми меѓу кои и се реномирани политички дневници открија детали од новиот договор на Меси. Аргентинецот сега добива скоро двојно поголема плата и од претходните 22.800.000 милиони евра по сезона сега добива огромни 43 милиони евра по сезона, со што стана најплатен фудбалер во светот.

Меси со овие примања зад себе ги остави Карлос Тевез (Шангај) 38 милиони, Нејмар (ПСЖ) 36 милиони, Кристиано Роналдо 34 милиони евра….

И тоа не е се. Меси со новиот договор доби и клазула според која може да учествува во трансфер политиката. Мислењето на Меси и до овој момент беше од исклучителна важност кога се купуваа и продаваа фудбалери, но сега тоа е и официјализирано. Неофоцијални, Меси веќе ставил вето на доведувањето на Гризман и побарал продолжување на договорот со Луис Суарез кој му е најдобар пријател во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…