Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Ранетиот Милан на гости кај Интер

Дерби на денот: Ранетиот Милан на гости кај Интер

Денес на програмата е големото миланско дерби помеѓу Интер и Милан. Гигантите минатата сезона водеа голема битка за Скудетото, но оваа сезона заостануваат многу зад лидерот Наполи и отпаднаа од битката за титулата, па ќе се борат за пласман во Топ 4.

Интер полека влегува во форма

Интер полека влегува во форма и се искачи на второто место на табелата, но заостанува цели 13 бода зад лидерот Наполи, па тешко ќе може да се приклучи во битката за Скудетото. После мундијалската пауза тимот на Инзаги игра одлично и единствено киксна против Емполи, кога беше шокантно поразен. Пред три дена ја победи Аталанта и се пласира во полуфиналето од Купот, па со голема самодоверба влегува во овој меч. Пред само три недели Интер покажа дека е во многу подобра форма од градскиот ривал и го победи со 3:0 во мечот за Суперкупот. Меѓутоа, Интер оваа сезона покажа дека игра топло-ладно и дека често знае непријатно да ги изненади своите фанови, а особено има потешкотии во дерби натпреварите. Добра вест е што Брозовиќ се опорави од повредата и ќе биде спремен за дербито. Инзаги на располагање ќе го има целиот тим, но нема да може да смета на Скриниар поради суспензија.

Милан во слободен пад


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Милан после мундијалската пауза едноставно не личи на себе. „Росонерите“ не само што заостануваат зад лидерот и испаднаа од трката за Скудетото, туку претрпуваат понужувачки порази. Минатото коло примија 5 гола на домашен терен од Сасуоло, а претходно беа прегазени од Лацио. Сега дојдоа до ситуација да стравуваат за пласман во Топ 4, бидејќи конкуренцијата е голема, па мора што побрзо да се вратат во форма. Сепак, дерби натпреварите се секогаш приказна за себе, па моменталната форма не игра голема улога, бидејќи мотивот е голем. Проблемот со повреди и понатаму го мачи тренерот Пиоли, кој за овој меч го загуби и Бенасер, кој се повреди на тренинг. Поради тоа Милан во многу тешка ситуација доаѓа во ова дерби, иако нема лесно да се предаде и ќе направи се за да дојде до позитивен резултат, пред се поради кревање на самодовербата на тимот, која во моментов е на ниско ниво.

Очекување

Миланските дербија се секогаш непредвидливи и нема фаворити, но често се богати со голови и возбудливи. Очекуваме дека така ќе биде и овој пат и дека ќе има голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…