Дома Фудбал Италија „Дерби Италија“ какво одамна немало: „Џузепе Меаца“ ќе гори!

„Дерби Италија“ какво одамна немало: „Џузепе Меаца“ ќе гори!

Дербито помеѓу Интер и Јувентус секогаш привлекува големо внимание на Апенините, но одамна немало толку важно „Дерби Италија“ како престојното кое на програмата е овој викенд.

„Старата дама“ мора да победи на жешкото гостување во Милано за да ја задржи предноста од еден бод на табелата во однос на Наполи, но наспроти себе ќе има 78.000 „нероаѕури“.


Интер ќе биде мотивиран,и него бодовите му се повеќе од потребни во траката за Лига на шампиони, но и помислата дека може да го спречи најголемиот ривал да освои Скудето.

Од Интер денес овјавија дека стадионот „Џузепе Меаца“ е распродаден, и уште сега се продадени сите 78.328 карти кои биле пуштени во употреба.

„Нероаѕурите“ од продадени влезници ќе заработат преку 5 милиони евра, што е апсолутен рекорд во италијанскиот фудбал!

Се е спремно за спектакл на „Џузепе Меаца“ во сабота во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пеколен план на Манчестер сити: Пеп плаќа 200 милиони евра за двајца фудбалери

Манчестер Сити првпат под водство на Пеп Гвардиола ќе заврши сезона без трофеј, што значи …