Дома Фудбал Италија Денот кога Милан го понижи Манчестер Јунајтед (видео)

Денот кога Милан го понижи Манчестер Јунајтед (видео)

На денешен ден пред точно 13 години Милан на „Сан Сиро“ го „прегази“ Манчестер Јунајтед во полуфиналето од Лигата на шамиони.

„Црвените ѓаволи“ со пресврт победија на „Олд Трафорд“ со 3:2, а на „Сан Сиро“ Милан го одигра еден од најдобрите натпревари од таа генерација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Предводени од феноменалниот Рикардо Кака „росонерите“ буквално го прегазија тогаш фаворизираниот Јунајтед предводен од тандемот Роналдо – Руни.

Кака и Сидорф во првото полувреме создадоа голема предност, а Џилардино ги постави конечните 3:0. Милан се пласираше во финалето каде му се одмазди на Ливерпул и ја освои седмата титула во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Финалето во Лигата на шампиони за првпат во нов термин, ќе се игра три часа порано!

УЕФА донесе одлука финалето на Лигата на шампиони да не се одржува во вообичаениот ноќен т…