Кошаркарите на Денвер нагетс по голем пресврт славеа против Лос Анџелес Лејкерс со 113:11 и така направија историски успех и за првпат во својата историја се пласираа во големото финале на НБА лигата.
Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ повторно беше фантастичен и запиша уште еден трипл-дабл од 30 поени, 14 скокови и 13 асистенции. Јокиќ беше и прогласен за МВП во конференциското финале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Јокиќ ова воедно беше и осми трипл-дабл со што го собори рекордот на Вилт Чембрлејн поставен пред 56 години за остварени трипл-даблови во еден плеј-оф.
Во 1967. година Чембрлејн запиша седум трипл-даблови, а сега со фантастичната форма Јокиќ успеа да го сруши овој негов рекорд.
"A record that has stood for 56 years."
— NBA (@NBA) May 23, 2023
Nikola Jokic has now recorded the most triple-doubles ever in a single Playoff run 👏
4Q underway on ESPN! pic.twitter.com/VKF3KeYtpH