Дома Фудбал Англија Ден за големи трансфери: И Сити го објави новиот постигнат договор (ВИДЕО)

Ден за големи трансфери: И Сити го објави новиот постигнат договор (ВИДЕО)

Алексис Санчез и Хенрик Михатријан ги комплетираа своите трансфери во Манчестер Јунајтед, односно Арсенал, а и Манчестер Сити речиси во исто време се пофали со важен потпис.

Кевин Де Бриун потпиша нов договор, до летото 2023. година по која неделно ќе заработува дури 280.000 фунти, односно околу 20 милиони евра на годишно ниво.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Навистина сум среќен што потпишав нов договор. Веќе повеќе пати истакнав, мојата намера отсекогаш беше да останам во Сити, бидејќи од првиот ден тука се чувствувам како дома“, истакна Де Бруин.

Сепак, ниту тоа не е се, бидејќи угледниот и добро информиран новинар, Џанлука Ди Марсио потврди дека фудбалерот на Шахтјор наскоро ќе прмине на „Итхад“.

Ди Марсио тврди дека Сити ќе плати помеѓу 30 и 40 милиони евра за фудбалерот на Шахтјор во кого гледа одлична поддршка за Фернандињо на позицијата заден играч за врска.

Во следните денови се очекува трансферот да биде реализиран, потврди Ди Марсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…