Легендарниот бразилски фудбалер Витор Барбоса Ривалдо смета дека Осман Дембеле добро би се снашол во Премиер лигата.
Прва желба на Манчестер Јунајтед е играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, а Дембеле токму од Борусија премина во Барселона во која не игра на нивото на кое се очекува.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Мислам дека постои шанса да го видиме Дембеле против Баерн. Тој би можел да биде џокерот на Барса, да влезе од клупата и да го реши натпреварот“.
„Постојат гласини дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, но додека е тука тренерот би требало да го користи. Постојат гласини дека Јунајтед е заинтересиран откако се искомплицираа преговорите со Борусија околу Санчо. Дембеле би можел да биде добра опција за Јунајтед, многу е брз и талентиран. Верувам дека во Премиер лигата може да блесне“, додаде Ривалдо.