Дома Топ вести Дембеле со супер-гол и Тер Штеген со одбранет пенал и обезбедија нов трофеј на Барселона (видео)

Дембеле со супер-гол и Тер Штеген со одбранет пенал и обезбедија нов трофеј на Барселона (видео)

Oд 22 часот денес се одигра натпреварот од шпанскиот клуб помеѓу Севиља и Барселона, на крајот победата ја однесоа Каталонците.

Барселона го освои првиот трофеј во новата сезона, славеше против Севиља со 2:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Севиља се покажа како тежок противник, но на крајот не издржа. Сарабиа ја погоди мрежата на Тер Штеген уште во деветата минута. Барселона до изедначување стигна во финишот од полувремето во 42 минута, после еден слободен удар на Меси, топката во мрежата на Севиља ја смести Жерар Пике.

Во вторите 45 минута за поголеми возбудувања го чекавме финишот на натпревар.

Човекот кој ова лето многу се поврзува со заминување од Барселона, Осман Дембеле постигна фантастичен погодок на десетина минути пред крајот на натпреварот.

Севиља доби голема прилика во 90-та минута да го одведе натпреварот во продолженија. Најстрога казна изнуди довчерашниот играч на Барселона Алеш Видал, но Тер Штеген го одбрани ударот на Бен Једер и го донесе првиот трофеј во новата сезона.

За Барселона ова беше 13-ти трофеј во клупската историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клуб…