Дома Трансфер зона Делофеу би се вратил, но во Барса се слуша зборот на Меси!

Делофеу би се вратил, но во Барса се слуша зборот на Меси!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, наводно е против тоа Жерар Делофеу да се врати во каталонскиот клуб.

Делофеу последните две години ги помина во Евертон кој го испрати на позајмица во Милан и сега е се поизвесно дека нема остане на „Гудисон парк“ и дека ќе се врати на „Камп Ноу“.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Новиот тренер на Каталонците, Ернесто Валверде е спремен да ја активира откупната клазула од 10.5 милиони фунти и да го врати Делофеу, но тоа не му се допадна на Лионел Меси.

Според пишувањето на „Дон Балон“ Меси е против тоа Делофеу да се врати, туку сака клубот да доведе некој од Хектор Белерин и Марко Верати.

Делофеу во Евертон премина во 2015 година за 4.2 милиони фунти, а во овој момент се наоѓа во Полска со репрезентацијата на Шпанија до 21 година со која ќе игра во полуфиналето на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Алфонсо Дејвис го информирал Баерн дека заминува

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…