Дома Фудбал Италија Дел Пиеро знае кој беше проблемот на Дибала во Јувентус

Дел Пиеро знае кој беше проблемот на Дибала во Јувентус

Рома игра досега изгледа добро во сезоната, а еден од најважните играчи е Паоло Дибала кој во текот на летото пристигна како слободен играч од Јувентус.

„Волчицата“ е на делба на третото и четвртото место во Серија А и е на добар пат да се избори за место кое води во ЛШ, што е главна цел на тимот. Покрај тоа, се пласираа и во осминафиналето од Лигата на шампионите.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За ситуацијата на Дибала зборуваше легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро.

„На Дибала во Торино му недостасуваше самодоверба. Сега е многу позрел, во Јувентус помина важни чекори. Имаше убави и не така убави моменти. Тука во прв план се повредите“, изјави Дел Пиеро.

Дибала беше дел од Светското првенство каде што Аргентина ја освои светската титула.

„Не беше помеѓу главните играчи, но имаше важен момент во пенал серијата во финалето“, истакна Дел Пиеро.

Сезонава Дибала постигна 12 голови и подели седум асистенции во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…