Дома Фудбал Репрезентации Дебакл на надежите до 17 години и во второто коло во квалификациите за ЕП

Дебакл на надежите до 17 години и во второто коло во квалификациите за ЕП

Maкедонските фудбалски надежи до 17 години по поразот од Исланд во првото коло претрпеа убедлив пораз и од Шпанија во второто коло во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар, а по само половина час игра имаа предност од 3:0. Стрелаа Кампос, Номоко Туре и Бареирос.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во второто полувреме Шпанија постигна уште два гола. Повторно Номоко беше стрелец и уште еден гол постигна Гистау за конечни 5:0.

Македонските надежи во последното коло ќе играат со селекцијата на Естонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Крај на една уникатна кариера: Се пензионираше фудбалерот кој направи 51 трансфер

По 28 години активна игра, крај на својата кариера стави Џеферсон Луис (46), фудбалер за к…