Дома Фудбал „Де Јонг треба да ја тужи Барселона, за да престане ова малтретирање“

„Де Јонг треба да ја тужи Барселона, за да престане ова малтретирање“

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека Френки де Јонг треба да ја тужи Барселона за мобинг.

Холандскиот играч за врска трпи притисок од раководството и тренерот Чави, дека или треба да си замине или да се откаже од најмалку 40% од платата за да остане на „Камп Ноу“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Барселона, која штотуку потроши 90 милиони евра само за обештетување за доведување на Роберт Левандовски и Рафиња, не му платила на Де Јонг 17 милиони долари.

Според медиумите, овој долг е причината поради која Де Јонг одбива трансфер и не сака да замине од „Олд Трафорд“.

„Де Јонг треба да преземе правни мерки против Барселона, а играчите да застанат на негова страна. Барселона троши огромни сума за купување на нови фудбалери, а не ги плаќа тие што се под договор. Тоа е неморално и претставува кршење на правата на фудбалерот. ФИФПро мора да се спротивстави на ова малтретирање и да го спречи“, порача Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…