Дома Трансфер зона Де Лихт нема договор со Јувентус, премиерлигашите ја следат ситуацијата

Де Лихт нема договор со Јувентус, премиерлигашите ја следат ситуацијата

Maтијас Де Лихт кој некогаш беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот би можел повторно да биде ѕвезда на преодниот рок. Засега според информациите од Италија преговорите со Јувентус за нов договор не одат во добра насока, а тоа би можеле да го искористат премиерлигашите.

Холанѓанецот има договор со Јувентус на уште две години и откупна клаузула од 120 милиони евра. Бидејќи се уште не е постигнат договор за продолжување на соработката се отвораат опции за трансфер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Старата дама“ сака да го обезбеди 22-годишниот дефанзивец, но прашање е дали сака да ризикува да не потпише нов договор и да влезе во последната година од сегашниот? Особено затоа што има клубови кои внимателно ја следат ситуацијата.

На прво место е Манчестер Јунајтед. Ова не е чудно, бидејќи стоперот во Манчестер Јунајтед повторно би сорботувал со Ерик Тен Хаг со кого соработуваше во Ајакс. Покрај Јунајтед наводно е и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…