Стоперот на Ајакс, Матијас де Лихт со своите игри оваа сезона го привлече вниманието на европските великани и веројатно не очекува огромен трансфер.
Најголемите европски клубови се борат за потписот на младиот дефанзивец, а тој ќе мора да избере еден великан помеѓу петте понуди кои ги има на маса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонски Спорт ги соопшти имињата на клубовите кои испратиле понуда за Де Лихт. Очекувано, Барселона е најсериозен кандидат, а покрај шпанскиот шампион за неговите услуги во трка се уште ПСЖ, Јувентус, Јунајтед и Ливерпул.
Сепак, сите тимови имаат само еден услов. Бараат Де Лихт да одлучи за седум дена и да ја соопшти конечната одлука, за да екипите кои нема да ги избере имаат доволно време да најдат адекватна замена.
Приоритет на сите тие екипи им е Де Лихт. Неговата цена веројатно ќе биде 85 милиони евра, но голема улога во одлуката ќе има и контроверзниот агент Мино Раиола.
Тој е човекот кој е задолжен за кариерата на младиот фудбалер. Тој ќе ма голема улога во одлуката и сигурно ќе сака што поголем колач во овој случај.