Дома Фудбал Италија Де Лаурентис загрижен: Може ли да се одложи Јувентус – Наполи?

Де Лаурентис загрижен: Може ли да се одложи Јувентус – Наполи?

Дербито на 3. коло во италијанската Серија А помеѓу Јувентус и Наполи би можело да биде одложено поради појавата на коронавирус во Наполи после средбата со Џенова.

Како што пишуваат италијанските медиуми, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис го побарал првиот човек на Јувентус Андреа Ањели со кого разговарал за можноста да се одложи овој дуел.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Де Лаурентис стравува дека денешните нови тестирања во Наполи може да откријат уште позитивни случаи.

Првиот човек на Наполи наводно смета дека постои голем ризик и за играчите на Јувентус дури и ако денес нема нови позитивни затоа што се покажа дека голем број негативни наоди утре може да бидат позитивни. Исто така ризик е патување од Неапол за Торино кога во нивниот клуб „шета“ вирусот.

Сепак, италијанските медиуми не откриваат дали Ањели одговорил на неговите барања. Според протоколите еден клуб може да побара одложување од лигата ако има 10 или повеќе заразени и тоа смее да го направи еднаш во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…