Дома Фудбал Лига на шампиони Де Брујне после елиминацијата: Секако морам дома, жена ми е трудна

Де Брујне после елиминацијата: Секако морам дома, жена ми е трудна

Манчестер Сити и оваа сезона нема да игра финале во ЛШ. Граѓаните беа елиминирани од Лион. Французите во четвртфиналето славеа со 3:1.

Кевин Де Брујне испадна голем и во тешкиот пораз. Белгијанецот поради елиминацијата не сакаше да го обвини ВАР за некои одлуки туку едвај чекаше да се врати дома.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ова беше неверојатна сезона која ја завршивме со пораз од Лион. Но, секако морам да одам дома, жена ми е трудна, па моментално само на тоа мислам, на ништо друго.“ – рече Де Брујне.

„Почнавме споро и слабо. За среќа, во вториот дел почнавме да играме подобро, се вративме на 1:1 и се чинеше дека ќе постигнеме втор погодок. Но, примивме два гола и штета е што испаднавме на таков начин.“

„Не видов никакви сомнителни ситуации, па нема на тоа да се вадам. Стрелинг требаше да погоди за 2:2, тогаш веројатно ќе поминевме. Но, тоа е фудбалот, некогаш милиметри го одлучуваат победникот.“ – додаде Де Брујне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Марка: Мбапе добива шанса на природна позиција поради повредата на Винисиус

РЕАЛ МАДРИД потврди дека Винисиус Жуниор се здобил со повреда на задниот дел на левата ног…