Дома Фудбал Англија Де Брујн откри детали од односот со Мурињо

Де Брујн откри детали од односот со Мурињо

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Кевин де Брујн пред градското дерби со Јунајтед го коментираше неговиот однос со Мурињо додека и двајцата беа во Челзи.

Де Брујн во Лондон пристигна во 2012 година, но не доби вистинска шанса и после две години замина во Волфсбург каде „експлодира“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Манчестер Сити го врати Белгиецот во Премиер лигата, а оваа сезона Де Брујн е еден од најдобрите фудбалери на Островот.

„Навистина не сум некој што премногу разговара со тренерите. Доколку тренерот сака да разговара со вас, тогаш тој и ќе го направи тоа. Тој е шеф. Можете да бидете со него во добри односи, меѓутоа секогаш постои дистанца помеѓу играчот и тренерот“.

„Со Мурињо разоварав само два пати, кога сакав да се преселам во Дортмунд и вториот пат кога тој се согласи дека подобро за мене е да заминам“, откри Де Брун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ниту Модриќ, ниту Брахим: Анчелоти има посебно изненадување со кое ќе го „уништи“ Арсенал

Откако синоќа во полуфиналето на Лигата на шампионите се пласираа екипите на Барселона и П…