Eден од најдобрите фудбалери во светот, е револтиран што мора да игра во Лигата на нации веднаш по долгата, стресна и напорна сезона. И тоа дури четири натпревари за десет дена.
Неговата Белгија од 3. до 13. јуни двапати ќе игра против Полска и по еднаш со Холандија и Велс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Де Брујн посебно не му се допаѓа тоа што Лигата на Нации треба да ја игра во јуни кога фудбалерите се уморни после се што се случувало во текот на сезоната.
„Лигата на нациите е неважна. Тоа се само преценети пријателски натпревари кои сега треба да ги играме после долгата и тешка сезона. Воопшто не се радувам на овие натпревариу“. – изјави Де Брујн наспроти исцрпувачкиот распоред во Лигата на нации.
Белгискиот ас од минатото лето одигра 45 натпревари за Манчестер Сити и четири за националниот тим. Меѓу нив се и поразите во полуфиналето и мечот за третото место во Лигата на нации. Во овој период тој беше принуден да паузира речиси два месеци поради повреда.