Франција утре ќе има прилика да стане само третата репрезентација која ја одбранила титулата светски шампион (по Италија и Бразил). На другата страна е Аргентина предводена од Лионел Меси кој игра одличен турнир и е вистински лидер на „гаучосите“.
Многу љубители на фудбалот ширум светот навиваат Меси својата богата кариера да ја закити и со светска титула во последниот репрезентативен настап. Изненадувачки помеѓу оние што поради Меси навиваат за Аргентина се и двајца поранешни француски репрезентативци, Давид Трезеге и Андре-Пјер Жињак.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси заслужува да биде светски шампион, а ова му е последна шанса да стигне до тој трофеј. Луѓето сонуваат за такво нешто. Цела Аргентина игра за него и одлично се служува со соиграчите. Целата репрезентација покажува голема пожртвуваност“, изјави Трезеге.
Со него се сложува и Жињак.
„Јас сум Французин, но би сакал Аргентина да го освои Светското првенство затоа што Лео Меси заслужува таков трофеј во неговата кариера. Се однесува како вистински лидер на теренот“, истакна Жињак.
На навивачите на француската репрезентација очекувано не им се допаднаа изјавите на нивните поранешни фудбалери, па има и такви кои ги нарекуваа „предавници“.