Дома Останати Два турски ММА борци се покажале како вистински херои вчера во Виена

Два турски ММА борци се покажале како вистински херои вчера во Виена

Во Виена изминатата вечер се случуваше вистински хаос, а денес се пишува и за херојскиот потег на двајца ММА борци од Турција, Микаил Озен и Таип Гултекин.

Турските ММА борци биле едни од хероите во вчерашните напади и спасиле еден полицаец и постара госпоѓа.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Кога слушнале истрели тие се упатиле на местото каде што се случувало сето тоа. Кога стигнале забележале како една жена како лежи на земјата. Тие ја земале госпоѓата и ја однеле во ресторанот во близина, а потоа повторно тргнале во нивната херојска мисија.

Додека возеле забележале и еден полицаец на кого му било потребно помош. Полицаецот го однеле до најблиското амбулантно возило.

На објавеното видео може да се види детал кога еден од напаѓачите го погодува Гултекин во нога во блиската средба која ја имале, но за среќа тој се извлекол со ситна повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: Србин доби суспензија од пет месеци затоа што се прекрстил на ОИ во Париз!

Џудистот од Србија Немања Мајдов во текот на вчерашниот ден објави дека се соочил со суспе…