Дома Останати Ужас: ММА борец убиен на улиците во Белград!

Ужас: ММА борец убиен на улиците во Белград!

Српскиот репрезентативец кој беше и освојувач на бронзен медал на Светското првенство во ММА, Стефан Савиќ бил убиен во утринските часови од неколку напаѓачи, објавија српските медиуми.

Големата трагедија ја потврди и ММА сојузот на Србија кој се збогубаше со Савиќ.

„Со големо жалење објавуваме дека во раните утрински часови почина нашиот млад репрезентативец, Стефан Савиќ. ММА борец со голем талент и посветеност, засекогаш ќе остане запишан во историјата со освојувањето на бронзениот медал“, соопшти ММА сојузот на Србија.

Медиумите од нашиот северен сосед пренесуваат дека борецот бил бркан од двајца напаѓачи низ улиците на Белград. Наводно причината била караница во ноќен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шест јунски меча за одбојкарите во битката за ЕвроВолеј 2028

Македонија ќе одигра три турнири во Европската лига 2027, а последниот ќе биде на домашен …