Дома Фудбал Италија Два нови потписи на „Џузепе Меаца“

Два нови потписи на „Џузепе Меаца“

Интер значително се засили во летниот преоден рок и одлично ја отвори сезоната со две стартни победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството веќе работи на нови договори за важните играчи, а први за потпис ќе бидат Хандановиќ и Дамброзио.

Дамброзио е важен играч во тимот на Конте, па „нероаѕурите“ му понудија продолжување на соработката и веднаш постигнаа договор со играчот.

Италијанецот во следните денови ќе стави потпис на нов договор до 2022 година и годишно ќе заработува 2,2 милиони евра.

Што се однесува до новиот договор на Хандановиќ и тука е се договорено и се чека само потпис.

Капитенот на „нероаѕурите“ ќе се обврзи на верност исто така до 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сакаше да игра со Меси, сега ќе игра со него – Каземиро во Интер!

Искусниот бразилски фудбалер Каземиро ќе ја продолжи својата кариера во Интер од Мајами, к…