Борче Даскаловски во наредната сезона од клупата ќе го предводи актуелниот освојувач на кошаркарскиот Куп на Македонија, Карпош Соколи.
Даскаловски во изминатите две сезони беше асистент во стручниот штаб на овој клуб, а на клупата го наследи Србинот Драган Николиќ, кој замина по завршувањето на сезоната, во која Карпош Соколи го освои Купот и играше во финалето во плејофот во домашното првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борче Даскаловски во моментов е доцент на катедрата по кошарка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ).
Екипата на Карпош Соколи, во новата сезона го пријави учеството во Лигата на шампионите на ФИБА.