По епизодата во Шалке, македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов се врати во редовите на Барнли.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Чурлинов во Шалке настапуваше како позајмен играч од Барнли кој сезонава испадна од друштвото на најдобрите во Англиоја.
За Шалке во втората германска лига, Чурлинов одигра 317 минути и во нив забележа еден гол и една асистенција. Во финишот од сезоната 23-годишниот крилен играч беше и повреден, па ги пропушти последните три средби.
Кога е Барнли во прашање многу веројатно ќе има смена на клупата бидејќи се очекува да замине Компани, па така иднината на Чурлинов ќе зависи од новиот стратег.