Репрезентацијата на Данска се пласираше во финалето на Европското првенство, откако со 29:26 славеше над Германија во Ланхес арената во Келн.
„Панцерите“ беа рамноправен противник само во првото полувреме, постојано беа во водство, на моменти имаа и +3, и на пауза заминаа со предност од 14-12.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данците во вториот дел ја презедоа контролата, во 13 минути и дозволија на Германија да постигне само три гола, а во последните десет минути апсолутно доминираа и дојдоа до пет гола разлика.
Германија иако домаќин, не успеа да им парира на Данците, кои на крај победија со 29:26 и закажаа пресметка за злато со Франција.
Хансен, Јакобсен и Питлик со по пет гола беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Усцинс со ист број погодци беше најпрецизен кај Германците.