Дома Фудбал Останато Данска избра нов селектор

Данска избра нов селектор

Брајан Ример кој има 46 години е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Данска, потврди Фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Ример на клупата на националниот тим ќе го замени Каспер Хјумланд кој си замина од функцијата по Европското првенство, привремено репрезентацијата ја водеше Мортен Веигорст.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новиот селектор на Данска ќе дебитира на 15 ноември против Шпанија во Лигата на Нации, додека три дена подоцна ќе гостува на Србија во Лесковац.

Зад Ример е солидно тренерско искуство. Дури девет години работеше во Копенхаген како асистент и како тренер на младинците, потоа самостојно го водеше Андерлехт каде што се задржа две сезони. Клубот го напушти на 19 септември кога доби отказ.

Првата задача со Данска ќе му биде да ја одржи репрезентацијата на второто место во Лигата на Нации во групата каде што се уште Шпанија, Србија и Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од најдобрите во светот сонува да го облече дресот на Реал Мадрид?!

Доминик Собослаи неодоливо потсетува на Стивен Џерард. Му недостига само капитенската лент…