Дома Фудбал Репрезентации Данска и Тунис ремизираа без голови

Данска и Тунис ремизираа без голови

После сензацијата на Саудиска Арабија, денес го видовме и првото реми без голови на Мундијалот. Данска имаше повеќе од играта, но на крајот не успеа да стигне до победата.

Се затресе мрежата на Каспер Шмајхел во првото полувреме, меѓутоа голот на Исам Џебали беше поништен поради офсајд па се скрати радоста на Тунижаните.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во финишот од првиот дел истиот играч влезе во одлична шанса еден на еден со голманот, но не реализираше.

Иницијативата ја презеде данскиот национален тим, но немаше сериозни шанси пред двата гола подолг период. Данска во самиот финиш создаваше неколку прилики, а Корнелиус ја погоди стативата и тоа беше нивната најдобра прилика за гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ѓоковиќ се пласира во финалето во Женева

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турниор во Женева, откако по три сета го победи Бр…