Дома Фудбал Германија „Данке Франц“: Баерн пред 75.000 гледачи се прости од Бекенбауер и победи против Хофенхајм

„Данке Франц“: Баерн пред 75.000 гледачи се прости од Бекенбауер и победи против Хофенхајм

Фудбалерите на Баерн пред 75.000 илјади гледачи на „Алијанц Арена“ во Минхен го совладаа Хофенхајм со 3:0 во натпреварот од 17 коло на Бундес лигата.

Баварците до трите бода стигнаа најмногу благодарение на одличниот тандем кој вечерва го сочинуваа двојниот асистент Лирој Сане и двојниот стрелец Џамал ​​Мусиала.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Домашните поведоа во 18 минута кога Сане го пронајде Мусиала во шеснаесетникот на гостите, а тој одлично го погоди далечниот агол од голот на Хофенхајм.

Истите играчи беа во центарот на вниманието за вториот гол на Баерн на 20 минути пред крајот на натпреварот. Убаво Сане и Мусијала си разменија двојно додавање, а помладиот Мусиала го постигна својот втор гол. Конечниот резултат го постави Хари Кејн во судиското надополнување.

По оваа победа Баерн има 41 бод и е на второто место со бод помалку од лидерот Баер Леверкузен. Хофенхајм после седмиот пораз сезонава во најсилното германско првенство е на седмата позиција со 24 бодови.

Инаку денешниот натпревар беше посветен на легендата на германскиот фудбал Франц Бекенбауер, кој почина минатата недела на 78-годишна возраст. Меѓу најтрогателните моменти беше кога играчите излегоа на теренот до песната „Gute Freunde“, која Кајзер ја сними во 1966 година. Транспарент на Бекенбауер го красеше централниот круг пред почетокот, а двата тима носеа црни ленти на рацете.

Во чест на својот долгогодишен играч, тренер и претседател, играчите на Баерн се загреваа во дресови со број „5“ на Бекенбауер. Баерн играше и во специјални дресови со натпис „Данке Франц“ („Благодарам Франц“) на предната страна. Како што беше најавено, дресовите, како и опремата за загревање и тренинг, ќе бидат потпишани по натпреварот и ќе бидат ставени на аукција на аукциска платформа на 17 јануари. Целиот приход оди на Фондацијата Франц Бекенбауер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…