Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Далиќ по ремито со Италија „удри“ по ФИФА и УЕФА!

Далиќ по ремито со Италија „удри“ по ФИФА и УЕФА!

Настапот на хрватскиот селектор Златко Дали на прес-конференцијата по натпреварот помеѓу Италија и Хрватска е тема на светските медиуми. Далиќ отворено зборуваше за „теории на завера“ критикувајќи ги ФИФА и УЕФА.

„Марка“, „АС“, „Мундо Депортиво“, „Гардијан“, но и други големи медиуми ги пренесуваат неговите изјави кои предизвикаа реакции.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Хрватскиот селектор шири теории на завери“, гласи насловот на текстот на „АС“.

„Зборувам за тоа како се однесува ФИФА и УЕФА веќе пет години и никој не ме слуша, испаѓам смешен. Ние сите за нив сме мали, се што зборувам, зборувам во ветер“, го цитира мадритскиот весник Далиќ.

На Далиќ најмногу му пречи продолжувањето од осум минути за кое смета дека судиите немаа основа толку да продолжат.

„Благодарение на голот на Закањи во продолжението Италија ја прескокна Хрватска. Далиќ кој ги одведе Хрватите од второто и третото место на последните две светски првенства, знае дека тие два бода нема да се доволни за место во осминафиналето. Сугерираше хрватскиот селектор на продолженото време кое го додели судијата“, пишува „Гардијан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …