Дома Фудбал Останато Далиќ нема да жали ако ја напушти Хрватска – добил понуда од 20 милиони евра по сезона!

Далиќ нема да жали ако ја напушти Хрватска – добил понуда од 20 милиони евра по сезона!

Се шпекулираше дека хрватскиот селектор, Златко Далиќ ќе ја напушти хрватската репрезентација по неуспехот на Европското првенство, но засега тој се уште е на клупата.

Меѓутоа сега хрватските медиуми пренесуваат дека Далиќ нема да чека премногу на нов ангажман и ако замине.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Наводно, тој добил понуда да седне на тренерското столче на Ал Итихад. Клубот од Џеда каде што играат: Бензема, Канте, Фабињо…му понудил плата од 20 милиони евра по сезона.

Во овој момент се чека одговорот на Далиќ, меѓутоа и одговорот на Хрватскиот фудбалски сојуз бидејќи неговиот договор со репрезентацијата е до 2026 година.

Ќе потсетиме, Хрватска на Европското првенство настапот го заврши со елиминацијата во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Холандскиот прволигаш кој освои трофеј во 2017 година е пред згаснување

Холандскиот прволигаш Витесе ќе згасне бидејќи нема доволно пари да ги исплати долговите, …