35-годишниот Жерард Пике не е повеќе во плановите на Чави и му порачал дека за него нема место во тимот, а неговата плата е голем товар за клубот.
„Ако треба да си заминам за да се влее нова крв во тимот, веднаш ќе заминам“. „Ако треба ќе ставам крај на кариерата, но нема да бидам резерва“. „Ако од Барса ми кажат утре дека повеќе за мене неме местп, веднаш ќе се пензионирам“. Ова се изјави на Пике во изминатите две години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ тврди дека Барса сега чека Пике да си ги исполни ветувањата и да си замине од клубот.
Тој наскоро ќе наполни 36 години, но има договор до 2024 година и ја има една од највисоките плати во клубот.
Чави за мечот со Интер немаше друг избор и мораше да го стави Пике во стартниот состав, каде уште еднаш се потврди дека дефанзивецот нема повеќе квалитет да биде дел од првиот тим.