Во англиските медиуми деновиве се пишува за договорот на македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски со Лидс.
Марсело Биелса неодамна изјави дека е најважно да се знае дали Алиоски сака да остане, набрзо потоа и Алиоски изјави дека тој сака да остане. Меѓутоа сега од Островот пристигнуваат информации кои можеби се најава за заминување на Џани.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Лидс ќе пристигна левиот бек Роман Перо од Брест, за 23 годишниот Французин интерес покажуваше и Саутемптон, но на крајот тимот од „Еланд Роуд“ ја доби битката за неговиот потпис.
Со овој потег Лидс можеби му дава до знаење на Алиоски дека нема намера да го продолжи договорот со него. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, но Џани изгледа ќе треба да побара нов клуб.
Во претходните денови се поврзуваше со Галатасарај.