Дома Фудбал Англија Дали ова е добитната комбинација за Пеп Гвардиола?

Дали ова е добитната комбинација за Пеп Гвардиола?

Актуелниот европски шампион ја презеде лидерската позиција во Премиер лигата и во oдлично расположение вечерва го пречекува Реал Мадрид.

Пеп Гвардиола на последниот тренинг можеше да смета на сите свои играчи и според најавите ќе излезе со најсилниот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Можеби најважно за Пеп е враќањето на Кајл Вокер, кој во претходните натпревари одлично го чуваше Винисиус Жуниор.

Покрај тоа добра вест е и враќањето на Џон Стоунс, кој ја има улогата на организатор на играта од последната линија, а често и како последен играч за врска.

Се чини дека поради сето горенаведено, Пеп може да изведе посилен тим од првиот меч кога Кевин Де Брујн имаше стомачни проблеми, а споменатите Вокер и Стоунс беа надвор од терените поради повреди. Исто така важно е и што Едерсон се враќа помеѓу стативите.

МОЖНИОТ СОСТАВ НА МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Стоунс, Дијас, Гвардиол, Родри, Де Брујн, Силва, Фоден, Грилиш, Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…