Српскиот репрезентативец, Немања Матиќ кој моментално настапува за Челси се поврзува со преминување во редовите на Јувентус.
Матиќ најмногу се поврзуваше со „Црвените ѓаволи“, но заминувањето во Италија е многу поверојатна опција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна се појавија информации дека Челси не сака да го пушти Немања во екипата која им е директен конкурент во англиското првенство. По пристигнувањето на Бакајоко од редовите на Монако, кој игра токму на позицијата на Матиќ големи се шансите репрезентативецот на Србија да ги напушти „Плавите“.
Медиумите пренесуваат дека Матиќ прифатил за замине во Јувентус, но дека сака Челси да ја намали цената од 40 милиони фунти колку што бараат за него, се со цел трансферот да се реализира.
Јувентус не е единствена екипа од Италија која го посакува во своите редови, тука се споменуваат и милански Интер кој исто така сака да го ангажира.